Насловна arrow Архива arrow ППИ - практични информации

ППИ - практични информации PDF Print E-mail
Written by drasko   
Thursday, 20 March 2008
АВТОР- Д-Р КАТЕРИНА СПАСОВСКА
ПРАКТИЧНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ППИ
 
 
 
Полово преносливите инфекции најчесто се пренесуваат преку
 
НЕЗАШТИТЕН СЕКСУАЛЕН ОДНОС
( анален, вагинален, орален секс без кондом )
НЕКОИ ОД НИВ И ПО КРВЕН ПАТ ( ХИВ, ХЕПАТИТИС Б,Ц )

ППИ НАЈЧЕСТО НЕМААТ СИМТОМИ, А ЛЕСНО СЕ ПРЕНЕСУВААТ НА СЕКСУАЛНИОТ ПАРТНЕР
 
КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНААТ?
ПОЈАВА НА ЗНАЦИ КАКО ИСЦЕДОК ОД ГЕНИТАЛИИ, ПЕЧЕЊЕ ПРИ МОКРЕЊЕ, БОЛКА ПРИ СЕКС.ОДНОС, ЦРВЕНИЛО НА ГЕНИТАЛИИ, ЧЕШАЊЕ, ЗГОЛЕМЕНИ ЖЛЕЗДИ СЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ЈАВИ НА ЛЕКАР ( ГИНЕКОЛОГ, ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГ, УРОЛОГ )


СЕКОГАШ ПОСТОЈАТ ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ППИ:
 
1. НА МАТИЧЕН ЛЕКАР СО УПАТ ДО СПЕЦИЈАЛИСТ ( ОД КАДЕ МАТЕРИЈАЛОТ СЕ ИСПРАЌА НА МИКРОБИОЛОГИЈА )

Цената е БРИС ОД ВАГИНА 80 / 900ден., БРИС ОД ЦЕРВИКС УТЕРИ 80 / 900ден.,СЕРУМ ЗА ХЛАМИДИЈА 150 / 2000ден., СЕРУМ ЗА ЦМВ 80 / 1000ден.,СЕРУМ ЗА ТОКСОПЛАЗМА 150 / 2000ден.)

2. ВО ПРИВАТНИ ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТРИ:
- НЕУРОМЕДИКА
ХЕПАТИТИС А,Б,Ц СЕКОЈ ПО 810 ден.
СИФИЛИС 370 ден.
КЛАМИДИЈА 1000 ден.

Останатите тестови за ппи се прават во соработка со Микробиологија.
ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР
КЛАМИДИЈА 600 ден.
СИФИЛИС 450 ден.
ХЕПАТИТИС Б,Ц
 
Резултати се издаваат по два часа.

Останатите тестови за ХПВ, КАНДИДА, ТРИХОМОНАС, МИКОПЛАЗМА се прават во соработка со Микробиологија.
ЛАБАРАТОРИЈА „ФАРМАХЕММ “( нас. Ѓорче Петров ) тел. 331-905
СИФИЛИС 630 ден.
КЛАМИДИЈА, МИКОПЛАЗМА, ТРИХОМОНАС, ТОКСОПЛАЗМА,
ЦМВ, ХЕПАТИТИС Б, Ц секој по 950 ден.
ХПВ од брис 3000ден.

Тестовите се работат од крв, со серолошки методи (радиоимуноесеи, елиса ). Резултати се издаваат по 1-2 дена.

- ГИНЕКОЛОШКО-АКУШЕРСКА БОЛНИЦА >„МАЛА БОГОРОДИЦА“

ПОСТОИ ТЕРАПИЈА ЗА ППИ И МНОГУ ОД НИВ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕКУВААТ ( Освен ХИВ, Хепатитис Б, Ц, Ген.херпес, ХПВ )
 
ДОКОЛКУ КАЈ ЕДЕН ОД СЕКСУАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ ПОСТОИ ППИ, ТРЕБА ДА СЕ ИЗВЕСТИ И ДРУГИОТ ПАРТНЕР И ЗАЕДНО ДА СЕ ЛЕКУВААТ ! НАЈДОБРО Е ДОДЕКА ТРАЕ ЛЕКУВАЊЕТО СЕКСУАЛНО ДА СЕ АПСТИНИРА 

АКО ЕДНА ЛИЧНОСТ ЕДНАШ БИЛА ЗАБОЛЕНА ОД НЕКОЈА ППИ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ЗАБОЛИ ОД ИСТАТА ИЛИ ОД БИЛО КОЈА ДРУГА ППИ.

ЗАШТИТА!
1. КОРИСТИ КОНДОМ ( ДВОЈНА ЗАШТИТА И ОД ППИ И ОД НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ );
2. НЕ ГИ МЕНУВАЈ ЧЕСТО СЕКСУАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ;
3. ИНФОРМИРАЈ СЕ;
4. МИСЛИ НА СВОЕТО И ЗДРАВЈЕТО НА ПАРТНЕРОТ.
Last Updated ( Tuesday, 28 October 2008 )
 
< Prev