Насловна

Потребата од абортус е легитимна потреба на секоја жен PDF Print E-mail
Written by Borjan   
Thursday, 15 January 2009

Потребата од абортус е легитимна потреба на секоја жена и секогаш ќе постои.

Абортусот станува небезбеден и почест само кога е забранет.

 

 

Во текот на минатата година се отвори јавна дебата за абортус. Накратко можеме да ги забележиме следните случувања:

-непотпишана, агресивна, постојана и пред се скапа постер кампања во две фази: првенствено со застрашувачки и монструозни слики од фетуси, а потоа емотивна кампања со која се слави животот преку претстави на мајка и бебе

-изјаснување на ставовите на македонската православна црква, преку колумни на челни претставници и обраќања за време на христијанските празници со кои нашата црква ги копира готовите модели на католичката црква осудувајќи ги жените на чедоморство

-поддршка на кампањата од страна на интелектуалци претходно познати по своите либерални погледи на свет

-владата отвора тендер за кампања за преставување на последиците од абортус

-најава во медиумите за менување на постојаниот закон за прекинување на бременоста и воведување мерки за целосна забрана на абортусот во Македонија

-појава на невладина организација регистрирана пред еден месец која јавно ги застапува ставовите на кампањата за укинување на абортусот поради зголемување на наталитетот и избегнување на гревот.

ХЕРА Асоцијација за здравствана едукација работи на унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје на сеопфатен начин и притоа се залага да обезбеди пристап до безбеден абортус за да се заштити здравјето, животот и правата на жената. Потенцираме дека во исто време настојуваме бројот на абортуси во Македонија да се намали преку силно промовирање на контрацепцијата како најсоодветна мерка за планирање на семејството. Исто така, потенцираме дека не го предлагаме абортусот како замена на бременоста туку како избор на жената да одлучува како ќе го планира своето семејство. 

 

И токму затоа немаме ништо против отворена јавна дебата за абортус. Напротив таква дебата секогаш треба да постои. Но таа дебата колку и некој да посакува не може и не смее да остане дебата единствено за абортус. Таа мора да биде во правец на зголемување на можностите за избор на секој граѓанин до современи и безбедни и сеопфатни сервиси за сексуално и репродуктивно здравје, остварени само преку почитување на човековите права и слободи. Тоа значи воведување на сексуална едукација во училиштата, пристапни и бесплатни пријателски сервиси за нашите млади, превенција, зајакнување на социјалниот и здравствен статус на жената, социјално стабилно, ненасилно и здраво македонско семејство, помош на маргинализираните и социјално загрозените групи, загарантирани сексуални права и воопшто унапредување на нашето здравство. На остварување на овие цели работиме речиси една деценија и тоа не самостојно туку во соработка со други невладини организации, Министерството за здравство и други државни институции.

 

Но актуелната дебата има сосема други цели  и за жал други ефекти:

 

-користење на грешни податоци, дезинформирање и застрашување

-дезинформирање дека секој абортус е небезбеден и секогаш предизвикува последици

-дезинформирање дека бројот на абортуси е ист со бројот на раѓања

-користење на аргументи од средини којшто се познати во светот по тоа континуирано загрозување на репродуктивните и сексуалните права

-објаснување на медицински научни вистини со религиски идеи

-поставување на прашањето на заштита на нашиот македонски идентитет само преку откажување на некои основни слободи, односно правото на избор. Односно манипулирање со македонскиот социјално загрозен граѓанин при што тој е мора да донесува пресудни црно – бели одлуки ако сака да го заштити своето постоење.

-наведување на македонската јавност не само на изолираност од светот, туку и на заборавање на либералните и напредните идеи и одлуки донесени во сопственото блиското минато, односно пополнување на идеолошкиот вакуум со старо-нови патријархални јудео-христијански концепти

-поедноставување на прашањето за абортус како прашање за да или не, како за прашање за живот или убиство

 

Но ние сакаме да бидеме конкретни затоа што веруваме дека нашиот граѓанин, со целосна почит кон верските и културните убедувања, сеуште им верува на фактите, а не на догматските закани. Без да зборуваме подетално за сите национални стратешки документи коишто оваа Влада ги има развиено, меѓународни документи коишто ги има ратификувано и дека Македонија во одреден дел е во чекор со развиените европски земји во однос на сексуалното и репродуктивното здравје, да се концентрираме на вистинската состојба со абортусот во Македонија вон сенката на гревот.

 Во текот на 2008 Министерството за здравство на Македонија заедно со Републичкиот завод за здравствена заштита, Фондот на Обединетите нации за унапредување на населението и ХЕРА ја спроведе Стратешката проценка на политиката, квалитетот и пристапот до контрацепција и абортус во Република Македонија.(кликни за да го превземеш целиот документ)  

Проценката ги поставува следниве прашања коишто сведувањето на дебата за абортус на за или против го прават неосновано:

 

·         Како да се намали потреба од абортус?

·         Како да се подобри пристапот и достапноста од контрацепција?

·         Како да се подобри квалитетот на услугите за абортус и да заштитат правата на репродуктивното здравје на жените?

·         И, како да се подобри квалитетот на заштита при абортус и контрацепција?

 

Помеѓу другото преценката ги дава следниве податоци:

 

-бројот на регистрирани абортуси е во опаѓање од 665,1 абортуси на 1000 живородени во 1991 до  272,9 на 1000 живородени во 2006, односно  6690 абортуси во 2006

-стапката на матернална смртност од 21.8 на 100 000 живородени во 1995 на 4,4 100 000 живородени во 2006

-доенечката смртност од 28,2 на 1000 живородени во 1991 на 11,5 во 2006

-користењето на модерна контрацепција во Македонија е на многу ниско ниво

-стапка на општ морталитет е во пораст од 7.3 1991 до 9.1 2006

А еве ги и конкретните препораки:

 

-да се развие национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје

-да се акредитираат установи за вршење на абортус

-да се ревидира националното законодавство, но со дополнувања за модернизирање на законот и следење на светските практики

-да се институционализира и легализира медикаментниот абортус

-да се обезбеди стабилна финансиска рамка, која ќе овозможи остварување на сексуалните и репродуктивните права на населението, особено на ранливите групи, преку финансирање на превентивни програми

 

Според наведеното интервенции во законот за прекинување на бременоста се потребни, но тие немаат никаква врска со укинување на абортусот, напротив тие се насочени кон подобрување на животот, здравјето и социјалната благосостојба на најмладите, мажите и жените во Македонија што е мисија на секоја легитимно избрана влада. Во тој контекст можеби треба повеќе да се загрижиме за причините за смртноста и стапката на морталитет којашто е во пораст, а главно тоа се причини асоцирани со влошување на социјалните економските услови за живот во Македонија.

 

Затоа:

 

-ХЕРА се спротивставува на кампањата која што ги потценува слободите и потребите на македонскиот граѓанин, во случајов самостојноста на жената и  насилно конструирање на мислење користејќи се подмолни техники за промена на здравата свест својствени на тоталитарните режими

-ХЕРА ќе се залага за остварување и почитување на репродуктивните права на жената и правото на абортус како нејзино неотуѓиво право

-ХЕРА ќе застане зад сите оние граѓани кои сметаат дека бришењето на сите добри практики и искуствата во Македонија стекнати во минатото треба да се избришат и заменат со догматски и назадни пристапи

-ХЕРА ќе бара транспарентност при евентуално донесувањето на нов закон и пристап не само на граѓанските организации, туку и на стручни лица во процесот на изработка.

-ХЕРА ќе се залага за пристап до безбеден абортус затоа што потребата од абортус е право на секоја жена и секогаш ќе постои. Абортусот станува небезбеден и почест само кога е забранет.

Last Updated ( Saturday, 18 April 2009 )
 
< Prev   Next >

Главно мени
Насловна
Клиники
Вести
Активности
Форум
Печатени материјали
Чести прашања
Кондоми
Други извори на вести
Барај
Линкови
Анкети
најава/login
Архива
Контакт
blogroll
Sr4All
ХЕРА
15 and Counting
Y-Peer
YSAFE
IPPF
ХИВ СИДА Инфо
ЕГАЛ
Подржано од
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Најава





Lost Password?
No account yet? Register
Анкета
Јавната кампања за забрана на абртусот во Македонија е