Насловна arrow Архива arrow 5-ти Национален Y-PEER тренинг за тренери

5-ти Национален Y-PEER тренинг за тренери PDF Print E-mail
Written by Borjan   
Thursday, 02 October 2008
Оваа година Х.Е.Р.А. со огромно задоволство го организираше петтиот по ред национален Y-PEER тренинг за тренери. Тренингот оваа година беше дел од иницијативата на Y-PEER Македонија Август-месец на млади.

Тренигот се одржа во Маврово во периодот од 11 до 15 август. И оваа година, млади луѓе од повеќе локални невладини организации, учествуваа на овој тренинг здобивајќи се со голем број на информации за темите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје, како и со нивните права. Преку повеќе работилници за ХИВ/СИДА, сексуално преносливи инфекции, контрацепција, театарски базирана едукација; учесниците имаа можност да ги надградат своите знаења и вештини за понатамошната работа.

 Исто така оваа година со подршка на интернационалната мрежа ASTRA Youth беше одбележан меѓународниот ден на млади – 12-ти август. Оваа години активностите беа одржани под мотото Избираме здравје, сексуално образование за сите. На овој ден учесниците на тренигот во текот на два часа им делеа промотивни материјали и кондоми на млади луѓе на улиците во Маврово и присутните во мавровскиот рекретаивен центар.

За да го преземеш целиот информатор на Y-PEER Македонија кликни тука(http://www.youthpeer.org.mk/pdf/Y-PEER_07_08_2008.pdf)
Last Updated ( Thursday, 02 October 2008 )
 
< Prev   Next >