Насловна arrow Архива arrow Меморијален ден

Меморијален ден PDF Print E-mail
Written by Borjan   
Wednesday, 15 October 2008

Меморијален ден за СИДА Глобална СИДА недела за делување 18-24 Мај, 2008   Дали светот прави доволно за да го запре ширењето на СИДА-та? Ова е една од пораките под која годинава светот ќе ја обележи неделата за делување и преземање на акција за СИДА. Обележувањето на оваа недела претставува барање за итно, одговорно и со повеќе средства да се пристапи во борбата против ХИВ/СИДА. Оваа недела на делување против ХИВ и СИДА ќе почне со 18 Мај - Меморијалниот ден за СИДА на кој со илјадници запалени свеќи, светот ќе се присети на они кои починаа од СИДА. И после 25 години од пандемијата на СИДА во светот, се уште од оваа болест умираат 6000 луѓе секој ден, и повеќе од 2 од 3 ХИВ позитивни луѓе сеуште немаат пристап до третман. Оваа е акција која ја покренува светот за да укаже на владите и државите од целиот свет дека мора да се вложува уште многу во универзалниот пристап на превенција, грижа и третман. Пристапот до соодветен третман, почитувањето на човековите права, отварање на фондовите за СИДА, крај на условувањето од донаторите, превенција базирана на докази, крај за насилството врз жените, вложувањето во здравствените работници, крај на стигмата и дискриминацијата и опфат на сите луѓе во здравствениот систем, се само дел од целите кои оваа кампања треба да ги постигне. Од 18 – 24 Мај светот ќе се мобилизира и ќе ги насочи своите активности како кон превенцијата од ХИВ/СИДА така и кон подобрување на грижата, третманот и поддршката на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА. Ова ќе биде недела на подигање на свеста дека ова е проблем кој го засега секое општество, и оние со мал број на регистрирани случаи и на оние во кој доминира оваа болест. Затоа што секој живот е важен. Но да не застанеме тука. Превенцијата на ризичните однесувања, пристапот до бесплатни ХИВ тестови, грижата за луѓето кои живеат со оваа болест, почитувањето на нивните права и достоинство треба да бидат наши заложби во текот на целата година. Тоа е она кон што треба да тежнееме сите.

Last Updated ( Wednesday, 15 October 2008 )
 
< Prev   Next >