Насловна arrow Архива arrow Подобро да не се тестирам, подобро да не знам?!

Подобро да не се тестирам, подобро да не знам?! PDF Print E-mail
Written by Borjan   
Sunday, 26 October 2008

summer love.jpgЛетна љубов, летна авантура.....
Запознавање, симпатии, страст и секс...
Заврши уште една приказна во вашиот живот, беше прекрасно, лудо и незаборавно.
На вашите пријатели им раскажувате какво возбудливо лето сте доживеале, а најблиските ги удостојувате и со најсочните детали. И во еден момент се сепнувате. Ве прашуваат колку ја познавате личноста со која сте ги делеле интимните моменти, дали сте се грижеле за вашата сигурност и заштита? Веднаш знаете дека приказната има и друга темна страна. Личноста со која бевте ја запознавте првпат, ја знаевте како привлечна и згодна прилика но ништо повеќе за нејзиниот или неговиот сексуален живот. Колку партнери имал/а пред вас, дали навистина сте третиот/та во нејзиниот живот? Дали штом со вас имал/а незаштитен сексуален однос, тоа значи дека и со другите го практикувал/а истото? Беше убаво додека траеше и за овие прашања немаше место во лудата летната вечер. Но сега сте далеку од сонцето, водата и плажата.

Се враќате во реалноста која сигнализира: инфицирање со ХИВ, зараза од полово преносливи инфекции, можеби и несакана бременост....? Се извлекувате од друштвотот во кое од љубомора ве прашуваат за такви незгодни прашања. Заминувате гордо одговарајќи дека немате од што да се плашите, нема шанси тоа вас да ви се случи, немате никакви симптоми. НО! Длабоко во себе знаете дека не е така, доволно сте информирани дека секој незаштитен секс носи ризик и дека ни вие не сте имун на сите болести кои се пренесуваат по сексуален пат. Чувствата се испомешани, мислите надоаѓаат и ве окупираат, а разумот ви вели дека е време за ХИВ тест. Поминува една недела, доаѓа друга а вие никако да се ослободите од таа ништовна мисла. Можеби е подобро да не се тестирам?, Можеби е подобро да незнам? Ако тоа е дилемата која не ви дава храброст да се упатите во Советувалиштето за ХИВ/СИДА тогаш единствено само себе си се измачувате. Мислата нема да побегне, можеби понекогаш ќе избледи но секоја важна одлука во животот ќе биде проследена со прашањето: „Зошто навреме не го направив тој ХИВ ТЕСТ?“

А толку е едноставно. Се јавуваш на бесплатниот број 0800 33 444, те упатуваат на местата каде што доверливо и бесплатно можеш да го направиш тестот, без никој да го знае твојот идентитет. Единствено што можеш да загубиш е грижата на совест пред самиот себе и твојот иден партнер. 

Last Updated ( Friday, 28 November 2008 )
 
< Prev   Next >