Насловна arrow Архива arrow Право на семејство

Право на семејство PDF Print E-mail
Written by Borjan   
Monday, 17 November 2008

Како едно од универзалните човекови права е правото на создавање на свое потомство. Правото да се има дете. Тоа е право кое semejstvo.jpgважи за секое човечко битие без разлика на: вера, раса, национално потекло или социјален статус. Тоа важи и за лицата кои имаат здравствени потешкотии, важи и за ХИВ ПОЗИТИВНИТЕ лица. Меѓутоа тука има една голема дилема. Преносот на ХИВ вирусот од мајката на детето. Кога на една личност која нема свое семјство, ќе и се соопшти дека е ХИВ позитивна, една од кобните мисли е: „Никогаш ќе немам деца!“ - Но, дали е тоа така?
Во последно време медицината многу напредуваше. Ако СИДА во минатото значела смрт, денес значи долготрајна, хронична болес
т. 

Меѓутоа болест со која се живее квалитетен живот, живот со многу радости, живот со многу предизвици. Тоа несомнено значи и можност за раѓање на ХИВ НЕГАТИВНО дете од ХИВ позитивна мајка.
Вертикалниот пат на пренос на ХИВ претставува ризик за пренос на вирусот во текот на бременоста, во текот на породувањњето и за време на доењето на бебето. И тука се јавуваат и најголемите дилеми, сомнежи, стравови. Кои се шансите бебето да се роди негативно?
Превенцијата од пренос на вирусот се почнува со примената на АРТ (антиретровирусната терапија) во текот на бременоста. Во консултација со специјалисти, се одлучува кога да се отпочне со терапијата, кој вид на АРТ ќе се примени, се согледуваат ризиците за мајката и детето, можноста за штетните ефекти од АРТ врз бременоста. Тоа овозможува вирусот да биде во толку мала 
Last Updated ( Monday, 17 November 2008 )
 
< Prev   Next >