Насловна arrow Активности arrow Семинари arrow конференција Вклучи се: Сексуални права за сите

конференција Вклучи се: Сексуални права за сите PDF Print E-mail
Written by vele   
Tuesday, 02 June 2009

site.jpgСо особено задоволство Х.Е.Р.А. ја организира Младинската конференција Вклучи се: Сексуални права за сите, која што ќе се одржи во месец јуни од 19 до 21 во Охрид, х. Белведере.


Оваа конференција е дел од активностите за лобирање на Х.Е.Р.А. кои што се насочени кон сексуалното и репродуктивното здравје и права на младите. На конференцијата ќе биде подготвена декларација подржана од учесниците и организациите/институциите кои што ќе земат учество, а која што понатаму ќе биде главно средство за лобирање со претставниците на граѓанскиот сектор, членовите на Парламентот, Владата како и локалната самоуправа.Критериуми за учество на оваа конференција се:
  • активно учество/работа во организацијата/институцијата повеќе од 2 години
  • искуство во креирањето на младински и/или политики за сексуално и репродуктивно здравје и права
  • возраст до 30 години

Сите заинтересирани апликацијата да ја испратат најдоцна до 10 јуни (среда) на This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it , по што сите апликанти ќе бидат известени по завршувањето на процесот на селекција.

Трошоците околку сместувањето, храната и превозот ќе бидат покриени од страна на Х.Е.Р.А.

Доколку имате било какви прашања слободно може да не конкатирате.

Документи за превземање:

- Опис и програма на конференцијата

-Апликација

Last Updated ( Friday, 08 October 2010 )
 
Next >